Пратениците го усвоија Законот за азил

19.06.2015 08:54 | KumanovoNews

 Едногласно вчера е усвоен Законот за легализирање на привремениот престој на мигрантите.

Пратениците го усвоија Законот за азил

Тие во рок од 72 часа ќе треба да поднесат барање за азил во најблиската Полициска станица, на граничниот премин или во Прифатниот центар.  Сите мигранти ќе бидат евидентирани со отисоци од прстите и со фотографии. Законот ќе придонесе за поголема безбедност на мигрантите, кои легално ќе поминуваат низ земјата и нема да имаат потреба да стапуваат во контакт со сомнителни групи, кои честопати ги искористуваат и малтретираат.

Од Министерството за здравство информираа дека ќе се вакцинираат сите мигранти кои ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести подготвува и план за имунизација.

Од почетокот на 2015 година, околу 30 мигранти, претежно од Сирија и Авганистан, загинаа во несреќи на македонските пруги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk