Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ организираат трибина

13.12.2010 08:44 | KumanovoNews

 Канцеларија за комуникација со граѓаните на пратениците Петар Поп-Арсов и Дарка Петрушевска, организира трибина на тема: “Мали и средни претпријатија како дел од евро-интегративиот процес на Република Македонија”.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ организираат трибина

 На трибината учество ќе земат: Методиј Хаџи-Васков, заменик министер за економија Маја Петрова, самостоен стручен соработник во Агенција за поддршка на претприемништво на РМ, Момчило Ивановски, директор на “БОНУМ“ и претседател на Македонска асоцијација на преработувачи, Мартина Златковска, дипл. економист, магистрант на департман за Европски студии на УКИМ и пратеникот Петар Поп-Арсов, претседател на Комисија за европски прашања во Собрание на Р. Македонија

Трибината ќе се оддржи  утре во 19:00 часот во Центарот за култура Трајко Прокопиев-Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk