Пратениците во посета на децата со пречки во развојот

28.12.2009 14:13 | KumanovoNews

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп Арсов,  Дарка Петрушевска и претседателот на огранокот Бобан Николовски, денеска поделија новогодишни подароци и пакетчиња на децата сместени во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Пратениците во посета на децата со пречки во развојот

Донесовме двд и скенер за Центарот и ја искористивме можноста на децата да им подариме новогодишни пакетчиња и да им ја честитаме Новата година. за да и тие се радуваат на подароците - рече Попарсов.

Министерството за труд и социјална политика ги финансира дневните центри што ги згрижува децата до 18 годишна возраст, а потоа се препуштени на грижа на родителите. Попарсов вети дека како пратеник ќе се заложи и децата над 18 години да бидат опфатени со програма за целосно згрижување во дневни центри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk