Пратеничката Лидија Тасевска одликувана со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција

23.12.2023 12:28 | Сузана Николиќ

Пратеничката Лидија Тасевска од Куманово, одликувана е со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за нејзиниот значаен придонес во развојот на односите меѓу двете земји.

Пратеничката Лидија Тасевска одликувана со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција

Орденот и го врачи амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, на свеченост која се одржа во Француската амбасада во Скопје.

Ова е второ одликување за Тасевска од Француската Република, првото било од 2010 година, што ги потврдува нејзините дводецениски заложби за соработка помеѓу Република Македонија и Француската Република. 

Нејзиниот ангажман започнал во 1999 година како професор во билингвална паралелка во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Тасевска денес е активен франкофон во македонското Собрание и веќе три години учествува на конференции и собири за промоција и афирмација на франкофонијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk