Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е осуден за клевета и навреда на негов колега во Собранието Мартин Костовски од СДСМ, денеска поднесе претставка до Судскиот совет против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, кој ја донесе пресудата.
„Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите коишто ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните “, рече Петрушевски.
Тој побара преставката да биде сериозно разгледана, бидејќи на ваквите судии не им е место во македонското судство.
Петрушевски е осуден да плати парична казна од 150 илјади денари, затоа што од собраниска говорница го навреди неговиот сограѓанин и политички опонент Костовки.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk