Пратиле работници во странство, па не им платиле

15.11.2013 12:58 | KumanovoNews

Бизнисмен на градежна фирма од Куманово испраќал работници на работа во странство, пa не им ги исплаќал заработените плати.

Пратиле работници во странство, па не им платиле

К.П.(34) од Куманово, сопственик на фирмата за градежништво „Гилгамеш“ ќе одговара за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и измама, а Д.А. за измама со помагање.

 Како што информираат од Полицијата, кумановците во април и мај годинава на пет лица им ветиле работа во странство иако немале лиценца од Министерството за труд и социјална политика. За да ги пратат на работа им земале по 700 денари, но парите не ги внеле на сметка на фирмата. Откако ги испратиле во Австрија и Германија, по завршување на работата не им платиле. Со тоа К.П и Д.А незаконски заработиле 450.000 денари. Откако работниците не си ги добиле парите, газдата го пријавиле во полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk