Верниците го слават Велигден

20.04.2025 13:23 | KumanovoNews

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден -Христовото воскресение, ден кога Исус Христос воскреснал.

Верниците го слават Велигден

По тој повод во сите православни храмови се одржува воскресенска литургија. Верниците се поздравуваат со традиционалниот поздрав „Христос воскресе - Навистина воскресе“. Денеска се кршат велигденски јајца и се јаде мрсна храна по 40-дневен пост.

Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него и докажувајќи дека е Бог.

Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk