Православните верници слават Водици

19.01.2016 10:07 | KumanovoNews

Православните верници денеска го слават Богојавление Водици, празник поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан.

Православните верници слават Водици

Низ целата земја граѓани ќе се обидат да го фатат светиот крст, кој ќе биде фрлен во вода. Водици важи за еден од најголеми христијански празници. За верниците тоа е денот кога можат да наполнат вода што, според верувањата, е лековита и благословена. Оваа традиција постои со години, а датира уште од времето на патријархот, кој кога во Константинопол, односно Истанбул, ги осветувал водите на Босфор, го спуштал крстот со јаже или конец, за да ги освети водите, а потоа си го повлекувал назад. Верниците му предложиле на патријархот, наместо тој да го враќа назад крстот со јажето, тие да му го даваат светиот крст од водата и на тој начин да испросат благослов.

Денеска завршуваат дванаесетте некрстени денови. Крштевањето е почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk