Празен киоск со години стои спроти Гимназијата

25.09.2013 12:59 | KumanovoNews

Граѓаните кои живеат во близина на Гимназија “Гоце Делчев“ се жалат дека празен киоск со години стои на тротоар спроти училиштето и смета во движењето.

Празен киоск со години стои спроти Гимназијата

Јас две години живеам таму и кисокот не е мрднат. Не дај боже да треба да пренесете нешто или со количка со мало дете да треба да поминете. Пречи навистина бидејќи е на средина на тротоар - вели граѓанка кој живее близу Пионерски дом.

И останатите граѓани сметаат дека нефункционалните објекти создаваат грда слика и треба да се отстранат.

Хаварисаните објекти се пречка за пешаците. Мислам дека тие треба да се однесат на место каде ќе работат, ако не да се тргнат, да не стојат празни. Не е во ред да го блокираат тротоарот - рече Кочо Костовски, граѓанин.

Од секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово објаснуваат дека наскоро ќе има акција за отстранување на сите нефункционални објекти кои се наоѓаат на јавни површини и тротоари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk