Празијада по четврти пат во Режановце

07.11.2014 13:10 | KumanovoNews

Во дворот на црквата “Јован Oпсечен“ во село Режановце, утре по четврти пат ќе се одржи манифестацијата “Празијада 2014“.

Празијада по четврти пат во Режановце

Дваесет и пет домаќинки од селото и од Куманово ќе подготвуваат јадења од праз, а ќе се бира и најдобар поизводител на праз од кумановско и липковско.

“Ќе се подготвува режановска муќкалица, специјалитет со пржено месо и праз. Настанот е со ревијален карактер, и за сите учесници, било да се домаќинки или производители ќе следуваат исти награди. За граѓаните кои сакаат да присуствуваат на манифестацијата во 10.30 часот ќе има организиран превоз од пред Основен суд Куманово“ - вели Трајан Димковски, претседател на месна заедница Режановце.

Четврта година по ред “Празијада“ ја организира месната заедница од селото Режановце во соработка со локалната самоуправа.Почетокот е закажан во 11 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk