Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како се доближуваат новогодишните и божиќни празници се зголемува продажбата на елки и украси.
Продавачите велат дека оваа сезона најбарани се малите елки затоа што се поефтини.
“Дневно продавам по 5 - 6 елки, претежно се со големина од 60 и 90 цм. Цените се зависно од големината и квалитетот, и се движат од 150 до 1000 денари. Поголемите елки ги има по продавници. Како што нема пари народот, сепак сум задоволен од продажбата“ - вели Мухамед Камберовски, продавач на пазарчето на плоштадот.
Во продавниците велат дека најголема еуфорија има една недела пред Нова година и тогаш најмногу се купуваат елки.
„ Продажбата е послабо од лани, но сепак сме задоволни. Купуваат украси за аранжирање во канцеларии и домови. Малите елки со сијалички се 500 денари“ - кажуваат продавачите.
Граѓаните повеќе купуваат вештачки одколку природни елки, бидејќи ги користат по неколку години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk