Празниците завршија - околу 1 час се чека за излез од државата

09.01.2023 12:08 | Оливера Пешевска

По завршувањето на Новогодишните и Божиќни празници започна метежот на граничниот премин Табановце за излез од државата. Си заминуваат главно нашинци кои ги поминаа празниците со семејствата, но има и возила кои транзитираат низ Македонија.

Празниците завршија - околу 1 час се чека за излез од државата

Метежот почнал за викенд, а веќе се чувствува постепено намалување на притисокот на возилата.

„За влез во државата нема воопшто гужва и задржувања, само колку да се завршат неопходните проверки и гранични формалности. За излез пак работат 5 ленти непрекинато, на секоја има по триесетина возила и се чека по околу 1 час на границата. Екипите и на полицијата и на царината работат со полна пареа и се трудиме што побрзо да ги опслужиме патниците “, велат од ГП Табановце.

Традиционално се очекува метежите и подолгите задржувања да завршат до почетокот на следната недела, најдоцна до 15 јануари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk