Празнична честитка од градоначалникот Димитриевски

08.09.2022 13:10 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста на Македонија.

Празнична честитка од градоначалникот Димитриевски

„31 година суверена, независна и самостојна Македонија, Македонија на горд македонски народ. 31 година борба за просперитет, за достоинство, за подобри услови за живот, за безбедна, силна и развиена, за европска Македонија.

Ова е патот по кој мора да продолжиме, но исклучиво како горди Македонци, со крената глава, да не се откажуваме, да продолжиме да бидеме како пиреј, упорни, не дозволувајќи никогаш да исчезнеме, секогаш да опстоиме, чувајќи ја нашата традиција, култура, историја, јазик, идентитет, чувајќи ја татковината.

Среќен Ден на независноста“, стои во честитката на Димитриевски.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk