„Празнични ноќи„ во Куманово

07.11.2016 13:29 | KumanovoNews

Здружението на угостители до Советот на општината Куманово поднесе иницијатива за одржување на празнични ноќи на 11 и 12 ноември,  денoвите на прослава на Денот на градот.

„Празнични ноќи„ во Куманово

„Доколку помине предлогот две ноќи угостителските објекти и кафулињата во градот ќе можат да работат со продолжено работно време, односно во текот на целата ноќ. Тоа ќе значи дека секој ќе може да се организира според своите афинитети, односно да донесе музика за своите гости.Имаме шанса првпат да воведеме една нова традиција, по повод нашиот најзначаен празник, ослободување на Куманово, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

За продолжување на работното време кафанџиите нема да плаќаат надомест.

„Празнични ноќи„ се организираат по примерот на манифестацијата „Бела ноќ„ во Скопје, со таа разлика што кај нив тоа е најдолгата културна ноќ, а кај нас ќе биде кафеанска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk