Празник на празот во Режановце

12.11.2013 12:38 | KumanovoNews

 Десетина производители на праз и четириесетина домаќинки учествуваа на годинешнава Празијада што викендов се одржа во дворот на црквата Свети Јован Опсечен во селото Режановце.

Празник на празот во Режановце

Посетителите имаа можност да пробаат најралични специјалитети од праз и да уживаат во културно-уметничката програма на убавото време.

Производители на праз имавме од Режановце и Речица, а храна подготвуваа домаќинки од Пелинце, Горно Којнаре и Режановце, како и учениците од земјоделското училиште Киро Бурназ. Оваа година манифестацијата е со ревијален карактер и сите кои што земаа учество добија симболична награда што ги обезбедивме од спонзорите.- Трајан Димковски, претседател на Иницијативниот одбор.

За годинешнава Празијада изостана финасиската подршка на локалната самоуправа Куманово, па посетеноста не беше масовна како предходните години.

Ни беше битно да ја задржиме традицијата и да видме како понатаму.Јас искрено сум задоволен и мислам дека ваква манифестација му е потребна на селото, пред се од социјален аспект за дружење на луѓето, а се вклопи и со Денот на ослободување на градот. -додава Димовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk