Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Парични казни во вкупен износ од над 19.000 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на 1.221 вонредна контрола спроведена пред велигденските празници.
Уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата „Дрисла“ се нештетно уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од соседна Србија, кои биле спречени да се прошверцуваат во земјава.
„За утврдените недоследности со вонредните контроли (пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзнато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други неправилности), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, а изречени се и шест опомени“, соопшти АХВ.
Контролите имале за цел спречување на пласирање небезбедни производи и сузбивање на нелегалната трговија пред велигденските празници.
„Утврдено е и дека седум објекти не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори биле констатирани незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите“, додаваат од АХВ.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk