Пред Велигден зачестени контроли за квалитетот на јајцата

31.03.2015 07:31 | KumanovoNews

Пред христијанскиот празник Велигден, зачестени се контролите на јајцата кои се продаваат на пазарите и маркетите.

Пред Велигден зачестени контроли за квалитетот на јајцата

Како што соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство најмногу се проверува рокот на употреба, класификацијата, како се чуваат, транспортираат и слично.

“Засилени  се  контролите  за  овој  прехранбен производ,  чија  побарувачка  од  граѓаните  во  овој  временски  период  е зголемена. Со  цел  спречување  на  продажба  на  небезбедни  производи  на  пазарот,  се  вршат засилени  инспекциски  контроли  на  пазарите,  во  поголемите  маркети,  како  и  во локалните  продавници  каде  се  продаваат  јајца,  во  поглед  на  потеклото  на  јајцата, односно дали истите потекнуваат од одобрени фарми или собирни центри. Редовно се контролира и увозот на овој прехранбен производ“ - вели Велика Атанасова, портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ апелираат  до  граѓаните  јајца  да  купуваат  исклучиво  од  одобрени производители и увозници, а  секоја  недоследност  во  поглед  на  безбедноста можат да ја пријават  во  Агенцијата,  лично или телефонски  на  бесплатниот број  0800  3  22 22.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk