Предавања за ХИВ/СИДА во училиштата

03.12.2015 13:13 | KumanovoNews

Вработени од Центарот за јавно здравје Куманово започнаа со едукација на учениците од основните и средните училишта,  за опасноста од ХИВ/СИДА и другите сексуално преносливи болести.

Предавања за ХИВ/СИДА во училиштата

Предавањата први ги следеа гимназијалците, а  опфатени ќе бидат и учениците од другите  училишта во градот.

Започнуваат предавањата во Гимназија “Гоце Делчев“ и потоа во останатите средни училишта согласно определен план. Во програмата за превенција од ХИВ/СИДа за 2016 година предвидени се околу 100 тестирања кои што ќе бидат извршени во советувалиштето за доброволно советување и тестирање и околу 30 предавања кои што се предвидени со програмата секоја година  - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

По 1 декември-Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА во градот се организираат активности за подигнување на свеста за опасноста од овие болести.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk