Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дејан Ѓорѓиевски, археолог во Кумановскиот музеј, минатата недела одржа предавање во Центарот за класични и византиски студии на факултетот за класични студии на Оксфорскиот универзитет.
Предавањето беше организирано на иницијатива на проф. Ине Јакобс, која е и дел од меѓународниот проект на истражување на локалитетот Костоперска Карпа.
„На предавањето беа соопштени резултати од сопствените истражувања на археологот на кумановскиот музеј, а се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска од Македонија. Во рамките на посетата, директорот на музејот и раководителот на проектот од македонска страна остварија средби со партнерите од англиските универзитети, на кои беа прецизирани и плановите за понатамошна соработка помеѓу институциите. Воедно, беше остварена и средба со директорот на античкиот оддел на Ashmolean Museum - др. Пол Робертс, на која беше изразена иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу институциите. На крајот беше заеднички заклучено дека ваквиот тип на соработка на Музејот Куманово со најдобрите светски универзитети и музеи претставува извонреден импулс за подготвување на нови проекти и афирмирање на македонската научна јавност во светски рамки“, - соопштуваат од Музејот Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk