Предавања за правилна употреба на пестициди

11.12.2013 08:05 | KumanovoNews

 Жителите на селата и приградските населби со кампања ќе се информираат за правилната употреба на пестицидите.

Предавања за правилна употреба на пестициди

Советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и лекари од Центарот за јавно здравје ги едуцираат земјоделците како да се заштитат и кои се последиците од неправилната употреба на пестициди.

- Досега се поминати селата Клечовце, Орашац, Агино Село и Градиште. Денеска попладне ќе се оддржи предавање во село Лопате, а потоа следуваат Умин Дол, Младо Нагоричане, Скачковце, Ново Село, Слупчане, Оризаре, Липково, Лојане и Ропаљце -  вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

 Опфатени ќе бидат и приградските населби Карпош, Вера Которка, Доброшане бидејќи таму живеат луѓе кои имаат имоти на село и истите ги обработуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk