Предавање на Јасмина Ќириќ во Куманово

17.08.2020 13:30 | KumanovoNews

На Спомен костурница во Куманово, вечерва во 20 часот предавање на темата „Српска сакрална архитектура од 14 век на територијата на денешна Македонија“ ќе одржи д-р Јасмина С. Ќириќ, доцент на на Филолошкиот факултет во Крагуевац.

Предавање на Јасмина Ќириќ во Куманово

Пред публиката ќе бидат прикажани архитектонските карактеристики на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане. Посебен осврт ќе му се посвети на истражувањето на архитектот Ѓурѓе Бошковиќ и одбележување на еден век од ова истражување.

Сакралната архитектура на 14 век на територијата на некогашните српски области не е често тема на научи истражувања ниту во Македонија.

„Иако проучувањето има долга историја, и покрај недостапноста на црквата, неретко и недостаток за дозвола за научен труд, збирот од споменатите цркви останува во спореден план на српската историографија“, рече Ќириќ.

Предавањето го организира Српскиот културно-информативен центар на Србите во Македонија „Спона“ од Скопје.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk