Предавање за борба против болести на зависност

26.11.2015 14:25 | KumanovoNews

Волонтери од Црвен Крст Куманово денеска одржаа предавање за средношколци, по повод ноември-месец на борба против зависности.

Предавање за борба против болести на зависност

Волонтерите на младите им објаснија како можат да се заштитат за да  не станат зависници. Се осврнаа на цигарите, дрогата и алкохолот.

Ова е традиционална активност која ја спроведуваме секоја година. Сметаме дека е добар начин директно да се доближиме до нашите врсници - рече Никола Милановски, волонтер.

Деновиве волонтерите ќе ги посетат и средните училишта во Куманово. На денешното предавање покрај ученици, имаше и лекари и претставници од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk