Предавање за хипергликемија во Куманово

17.11.2015 10:16 | KumanovoNews

Во кругот на Општа болница Куманово утре во 12 часот, ќе се одржи предавање на тема “Хипергликемија“ во организација на Здружението на дијабетичари Куманово.

Предавање за хипергликемија во Куманово

Предавање ќе држат лекари од Куманово, а истиот ден ќе има дружење и мерење на шеќер во крв за дијабетичарите. Од Здружението на дијабетичари Куманово велат дека секоја година организираат по неколку едукативни предавања, за да дијабетичарите се информираат како да се грижат за своето здравје, а секој месец имаат барем по едно мерење на шеќер за да ги откријат скриените дијабетичари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk