Предавање за пролетниот развој на пчелните заедници

19.02.2013 09:14 | KumanovoNews

 Во просториите на клубот “Христијан Тодоровски - Карпош“, утревечер во 18 часот предавање за пчеларите ќе оддржи Горан Митевски, професор во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

Предавање за пролетниот развој на пчелните заедници

Темата е “Пролетен развој и подготовка на пчелните заедници за главната паша“. Од сега почнува следење на пролетниот развој на пчели. Медено - шеќерна погача може да се користи за прехрана бидејќи ноќе е студено, температурите се околу 0 степени. Ако ноќната температура е 12 Целзиусови степени тогаш може да им се дава шербет на пчелите. Сега пчелите не се раздвижени, излегуваат само на прочистителен лет. Ние на предавања се собираме по 30 пчелари, некои се искусни, некои почетници и кога ќе се развие дискусија, сепак е корисно, може да се научат нови работи - изјави Горан Митевски, професор по лозарство.

Тој и лани учествувал на предавањата на Здружението на пчелари “Пчела“ кои преку зима се оддржуваат секоја среда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk