Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во клубот “Христијан Т.Карпош“ утре во 18 часот ќе се оддржи предавање на тема “Вештачко роење на пчели и замена на матици“.
Предавач ќе биде Бранко Тасевски, претседател на пчеларско друштво “Пчела“.
Со овие две методи се зголемуваат пчелните семејства и се врши замена на стари со нови матици. Тоа е цела една техника. Како што има природно, така има и вештачко роење на пчели. Се редат две - три рамки, се става мед, па матица, погача и тоа е една постапка која треба пчеларите да ја знаат - вели Тасевски.
До крајот на март секоја среда пчеларското друштво ќе организира едукативни предавања за пчеларите од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk