Предизборен поткуп или хуманитарна помош на огревно дрво во Куманово?

04.12.2016 19:06 | KumanovoNews

Невладина организација од Пробиштип синоќа делела огревно дрво на ромски семејства во Куманово.

Предизборен поткуп или хуманитарна помош на огревно дрво во Куманово?

Случајот бил пријавен во полиција, бидејќи се посомневале дека станува збор за предизборен поткуп, поради што 5 лица биле приведени во СВР Куманово.

Приведените тврделе дека станува збор за хуманитарна помош на исламско здружение од Турција, и дека нема врска со изборите.

МВР и Обвинителството треба да утврдат за што точно се работи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk