Предновогодишна акција за помош и вдомување на милениче

28.12.2017 19:34 | KumanovoNews

На градскиот плоштад Куманово, утре од 12 до 15 часот, ќе се одржи хуманитарна предновогодишна акција за помош и вдомување на кучиња.

Предновогодишна акција за помош и вдомување на милениче

Организаторите ги повикуваат граѓаните да дојдат и да изберат домашно милениче.

„Ќе има мали, големи, средни, црни, жолти, бели, шарени кутриња и секој љубител ќе може да си избере идно пријателче. Оваа акција ја организираме со цел да собереме и средства за животните за кои секојдневно се грижиме. Ќе има рачно изработени новогодишни украси за сите кои сакаат да донираат и да помогнат во лекување на некое од животните, кои се под наша грижа, - велат од Здружението „Љубов и дом“.

Од Здружението апелираат до граѓаните да дојдат сите љубители на животните заеднички да направиме поубав живот на бездомните кучиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk