Предновогодишна средба на градоначалникот со новинарите

24.12.2012 14:12 | KumanovoNews

  Градоначалникот Зоран Дамјановски организираше предновогодишна средба и свечен ручек за новинарите. Честитајќи им ги престојните празници, тој  им посака успех во професијата и успешана соработка во наредната година.  

Предновогодишна средба на градоначалникот со новинарите

Ги поздравувам сите претставници на медиумите кои го креираат јавното мислење во градот. Медиумите на локално ниво давате голем придонес во работата на локалната самоуправа, бидејќи се коректив во нашето работење. Тоа е значаен сегмент. Граѓаните повеќе интерес имаат за она што се случува на локално ниво, отколку за она што се случува во централата или во Владата на Република Македонија. Без добра медиумска анализа и аналитичко новинарство, кое ги наоѓа пропустите во јавната работа, нема напредок - се обрати на новинарите Дамјановски.

Тој рече дека во услови кога во земјава има режимско новинарство, кумановските новинари успеале да ја задржат објективноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk