Предраг Серафимовски го фати крстот во „Св. Тројца„

19.01.2012 09:21 | KumanovoNews

 Предраг Серафимовски (32) од Куманово го фати светиот крст во базенот на црквата „Света Тројца„ во Куманово. Тој беше најсреќен од 6 момчиња кои утринава влегоа во студените води.

Предраг Серафимовски го фати крстот во „Св. Тројца„

Предраг е невработен, а со години наназад скокал по крстот на Водици.

Ова ме првапат да го фатам крстот. Очекувам да ми донесе среќа, здравје и успех на мене и на целото мое семејство. Јас сум верник и ги почитувам обичаите и традицијата, и многу сум среќен  што денеска успејав да го фатам крстот- вели Предраг.

Тој пред да дојде во црквата се искапел со ладна вода дома, поради што полесно му беше да се фрли во базенот.

Од црквата и донаторите, Предраг доби златен крст со ланче, телевизор, Библија и други подароци, и многу честитки за храброста и среќата  од верниците кои утринава беа во црквата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk