Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатката за градоначалничка на Куманово од ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, денеска при обиколка на погон за производство на чевли потсети дека ЛДП беше првата партија во градот, која побара Куманово да се ребрендира како чевларски град.
„Јас како личност која доаѓа од чевларска фамилија, уште како дете го знам мирисот на кожата, но и звукот на машините на кои се изработуваат најдобрите чевли од Куманово. Затоа, несебично во програмата се предвидени конкретни мерки со кои чевларската дејност постојано ќе се развива, а не да изумира од ден во ден“, кажа Димитровска.
Таа најави дека доколку ја добие поддршката на граѓабните на локалните избори, ќе иницира поставување на фигура-скулптура во форма на чевла на Занаeтчиски дом, која ќе даде уште поголемо значење на чевларството како една од најважните дејности во Куманово.
„Ќе организираме Ден на занаетчии, ќе го поддржиме занетчискиот еснаф од Куманово. Ќе обезбедиме простор во Занаетчискиот дом каде занетчиите ќе изложат и ќе ги продаваат своите производи. Само на овој начин ќе се задржи автентичност на самата зграда која има своја историја. Ќе ги поддржиме малите и средни претпријатија со до 200.000 денари за купување на алати и опрема“, заврши Димитровска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk