Предвремени парламентарни избори на 12 април

21.10.2019 07:10 | KumanovoNews

Предвремените парламентарни избори ќе се оддржат на 12 април идната година се договорија на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на шест партии што имаат пратеници во Собранието, соопшти лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Предвремени парламентарни избори на 12 април

Техничката влада ќе се формира 100 дена пред одржување на изборите, односно на 3 јануари.

Премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се избере нов технички премиер и нова техничка влада. Техничкиот премиер ќе биде по предлог на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, односно од овие места ќе заминат Оливер Спасовски и Мила Царовска. Опозициската партија ќе добие и заменици-министри за финансии, земјоделие и за информатичко општество и администрација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk