Повреден 85-годишен пешак во Куманово

14.11.2024 13:11 | KumanovoNews

Едно лице е повредено вчера откако било удрено од автомобил додека движело по улица. 

Повреден 85-годишен пешак во Куманово

„Во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk