Прегазен мигрант на пругата Табановце-Куманово

17.08.2015 13:02 | KumanovoNews

Во железничка незгода денеска претпладне загина мигрант.

Прегазен мигрант на пругата Табановце-Куманово

Несреќата се случила во 10.30 часот, кога товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Куманово удрил во маж, најверојатно илегален мигрант.  Повредениот во критична состојба е префрлен во Кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, лицето при транспорт во Ургентниот центар Скопје им подлегнал на повредите.

Се врши увид на местото на несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk