Прегазен пешак на крстосницата на „11 Октомври“ и „Србо Томовиќ“

26.12.2023 12:07 | Сузана Николиќ

Повозрасен кумановец вчера поплaдне е повреден на на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, кога во него удрил автомобил.

Прегазен пешак на крстосницата на „11 Октомври“ и „Србо Томовиќ“

„Во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, патничко моторно возило „лада“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(65) од Куманово, удрило во пешакот Б.П.(83) од Куманово. Во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk