Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е тешко повредено и пренесено на лекување во Скопје, откако во него удрил автомобил.
Сообраќајната несреќа се случила вчера во 14 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ во близина на крстосницата со ул.„Пионерска“, кога Б.К. (22) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот Г.П.(62) од Куманово.
Во незгодата, пешакот Г.П. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Ургентен центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk