Прегазен пешак на улицата „Ѓорче Петров“

28.12.2019 09:57 | KumanovoNews

Повозрасен кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа во населбата „Перо Чичо“ во Куманово.

Прегазен пешак на улицата „Ѓорче Петров“

Сообраќајката се случила вчера во 14.35 часот, на ул.„Ѓорче Петров“ пред крстосница со ул.„Михајло Пупин“, кога патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Д.(60) од Куманово, удрило во пешакот Ѓ.С. (70) од Куманово. По незгодата Ѓ.С бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk