Прегазен пешак во центарот на Куманово

11.12.2019 10:06 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во центарот на Куманово.

Прегазен пешак во центарот на Куманово

Според МВР, сообраќајката се случила во 20.30 часот на улицата „11 Октомври“, кога товарно возило „опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од с.Опае-општина Липково, удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk