Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е тешко повредено откако во него удрил автомобил на стариот пат Куманово-Скопје, во селото Умин Дол.
Сообраќајната несреќа се случила вчера во 19.20 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, кога патничко возило Фолксваген- Голф со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(57) од с.Орланци, општина Арачиново, удрило во пешакот П.К.(40) од с.Умин Дол.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општта болница Куманово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk