Прегазена старица во Куманово

23.10.2017 09:48 | KumanovoNews

Постара жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа, откако во неа удрил автомобил додека се движела по улица.

Прегазена старица во Куманово

Несреќата се случила вчера во 14.20 часот на ул. „114“ во Куманово, кога патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(52) од с.Дренок, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот С.Ј. (74) од Куманово.

Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Кумановската болница каде и била укажана лекарска помош.

Поради сериозноста на повредите била пренесена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk