Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка била тешко повредена откако вчера била прегазена од автомобил во Куманово.
Според полицијата, сообраќајката се случила на улицата 11 Ноември. Кумановецот Б.М.(20) управувајќи автомобил „форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот Х.Р.(73) од Куманово.
Од ударот Х.Р. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во кумановската болница била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза".
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk