Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марија Н.(34) од Куманово синоќа загинала во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово- Табановце, под надвозникот на улицата „11 Октомври“ на излезот од градот.
Сообраќајката се сличила во 18.30 часот, кога автомобил кој се движел кон Куманово удрил во Марија, по што избегал. Од здобиените тешки телесни повреди женат починала на самото место. Смртта ја констатирал и лекар од Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.
Возилото со странски регистарски таблички кое ја усмртило Марија е идентификувано и сеуште се наоѓа во Република Македонија. Полицијата работи на пронаоѓање на возилото и возачот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk