Прегазена жена на светиниколски пат

22.12.2018 10:15 | KumanovoNews

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Пуковско.

Прегазена жена на светиниколски пат

Несреќата се случила вчера околу 12 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово - Свети Николе и ул.„425“,  крак од ул. „Ѓорче Петров“, кога товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.

Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје. Увид  извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

(фото: архива кумановоњус)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk