Прегазена жена-пешак во центарот на Куманово

16.07.2018 08:04 | KumanovoNews

Жена е тешко повредена синоќа откако ја удрила кола на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Прегазена жена-пешак во центарот на Куманово

Според МВР, сообраќајната несреќа се случила во 20.30 часот, кога патничко моторно возило “Рено Твинго“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.П.(57) од Куманово удрило во пешакот Ц.Т.(52) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Т. која по укажаната лекарска помош во Кумановската болница била препратена на понатамошно лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk