Прегазено 11 годишно дете

03.07.2017 09:55 | KumanovoNews

11 годишно дете било прегазено завчера на крстосница во Куманово, соопшти МВР.

Прегазено 11 годишно дете

Вчера, околу 10,40 часот во Куманово на крстосницата на булеварите „Трета  МУБ“, и „Октомвриска Револуција“ и улицата.„Б.Б.Гуцман“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици управувано од Ј.М.(53) од Куманово удрило во 11 годишно дете-пешак.

Во незгодата детето се здобило со тешка телесна повреда по што му била укажана лекарска помош во општата болница, по што е задржано на понатамошно лекување. Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk