Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четиринасетгодишно момче синоќа било прегазено на улицата „Благоја Богдановски Гуцман„ во Куманово, додека ја преминувало улицата.
Според информации од СВР Куманово, сообраќајната несреќа се случила во 20.25 минути, кога ауди А4 со кој управувал А.А.(22) од Куманово, додека се движел од периферијата кон центарот на градот, налетал на пешакот К.В.(14), кој ја претрчувал улицата.
Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди. Веднаш бил пренесен во Кумановската болница. Лекарите констаирале скршеница на десното рамо и повреди на главата-потрес на мозок.
Поради сериозноста на повредите момчето е пренесено во Ургентниот центар Скопје. На лице место е извршен увид, и полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
(фото: архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk