Прегазено момче во Пуковско

22.07.2015 15:33 | KumanovoNews

На регионалниот пат Куманово- Свети Николе, во близина на бензинската пумпа Роси Петрол, во населбата Пуковско, околу 17 часот прегазено е момче.

Прегазено момче во Пуковско

Според очевидци, до несреќата дошло кога момчето на 12-13 годишна возраст истрчало на патот по топка и во него удрил мерцедес со кумановски таблички, кој се движел кон населбата Карпош. Возачот се обидел да го избегне момчето и поминал на левата коловозна лента, но безуспешно,  го закачил и го прегазил.

Со возило на Итна помош повреденото дете е пренесено во Кумановската болница.

Полицијата излезе на лице место да изврши увид по што ќе се утврдат причините за сообраќајката.

                                             (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk