Прегазеното девојче сеуште во критична состојба

03.06.2013 08:31 | KumanovoNews

 Теодора Ц.(15), која синоќа беше прегазена од автомобил на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска Револуција„ сеуште се бори за живот со сериозни повреди на главата.

Прегазеното девојче сеуште во критична состојба

Таа во бесознание, синоќа била пренесена на Скопските клиники.

Другото девојче исто така е во болница во Скопје, но нејзината здравствена состојба е стабилна.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа пред 17 часот,  кога автомобил „рено„ што чекал да помине на семафотот излетал на тротоарот и удрил во двете девојчиња додека чекале да поминат на пешечки премин, откако во него со голема брзина удрили бемве кое не успејало да закочи на раскрсницата.

Од кумановската полиција најавија детали за сообраќајката во текот на денот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk