Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружение на дијабетичари Куманово, неделава ќе организира повеќе активности по повод одбележувањето на 14 ноември - Светскиот ден на дијабетесот.
По тој повод на 7 ноември во селата Слупчане и Оризаре ќе има предавање на тема “Дијабетес и компликации со акцент на очни болести и катаракта“ и акција за мерење на шеќер во крвта.
“На 8 ноември иста акција ќе имаме во село Горно Којнаре. На 14 ноември традиционално здружението организира акција за мерење на шеќер на свои членови во Центар за дијабетес во Општа болница, а потоа симболично ќе прошетаме до Спомен костурница за да покажаме дека физичката активност е бенефит за дијабетичарите. И таму повторно се мери шеќер и ќе има кратко предавање од лекар“ - изјави Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
Целта на сите овие активности е да се откријат луѓе со дијабетес и да им се укаже како да се грижат за своето здравје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk