Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уличните светилки кои не работат се заменуваат за два до три дена од пријавувањето, кажа директорот на јавното претпријатије „Куманово-паркинг“, Фадиљ Шабани на вчерашната седница наменета за советнички прашања.
Советничката од НСДП, Сунчица Јосифова праша дали замена на светилки се врши по пријава на граѓани.
Шабани одговори дека брзо реагираат по пријави од граѓаните и ги заменуваат светилките.
Дефекти можат да се пријават на телефонски број во „Куманово-паркинг“, писмено или преку месни заедници. Во рамки на два - три дена се отстрануваат сите пречки - рече тој.
Јосифова се интересираше и дали ќе се рекламираат бенефитите од приклучувањето на гас, за што од директорот на „Куманово-гас“, Драган Петровски доби одговор дека се планира маркетинг во медиуми и со флаери за да се доближат до граѓаните и да ги понудат своите услуги.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk