Прекин на наставата до среда

11.02.2012 13:15 | KumanovoNews

 Локалната самоуправа одлучи да се продолжи прекинот на наставата во основните и средни училишта до среда. Учениците ќе се вратат на училиште во четврток.

Прекин на наставата до среда

 Ваквата одлука е донесена поради најавите на метеоролозите дека невреме и поларни студови ќе ја зафатат државата од понеделник.

Советот на Oпштината Куманово одлуката за прекин на наставата ја потврди на последната седница во четврток, откако децата од средата престанаа да одат на училиште поради големите врнежи на снег.  Тогаш градоначалникот одлуката ја образложи со тоа дека поради застојот во сообраќајот децата неможат да се однесат до училиштата, а поготово оние од приградските населби. Една од причините беше и неможноста да се стоплат училиштата поради  сибирските температури.

Учениците во понеделник требаше да се вратат на настава, но сега почетокот се пролонгира за уште три дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk